
Во заостанатиот меч од седмото коло на шкотскиот Премиершип, Данди Јунајтед го порази Хиберниан со минимални 1-0.
За домаќините, ова беше прв меѓусебен триумф на домашен терен после 2016, кој воедно ја прекина серијата на гостите од четири последователни победи.
Момците од ,,Тенадајс Парк” влегоа во овој натпревар предводени од убедливото издание против Абердин (4-0) и дојдоа до осмиот овосезонски бод.
На табелата, Данди Јунајтед се помести од дното за првпат сезонава, избивајќи на претпоследното место, притоа оставајќи го Хиберниан на третата позиција.
На мечот, домаќините имаа само три неблокирани шутеви, од нив еден во рамките на голот, кој беше успешно реализиран од Азиз Бехич (11′).
На спротивната страна, гостите од Единбург упатија осумнаесет удари, но на висина на задачата беше домашниот голман – Карлџохан Ериксон.




