
ЦСКА Москва се врати од турнејата на далечниот Исток со три победи од три одиграни натпревари.
Во третата средба, претставниците на главниот град на Русија го поразија Амур Хабаровск после пенали.
Во играчкиот дел, резултатот гласеше 2-2, откако Владислав Каменев стрелаше двапати во интервал од една минута за 0-2, пред Сергеј Дубакин и Игнат Коротких да израмнат во третиот период.
Во пенал-серијата, домашните хокеари ги промашија сите четири шутеви, а за гостите реализираа Сергеј Плотников и Константин Окулов.
На Западот, ЦСКА го држи петтото место, додека Амур падна на десеттото место во Источната конференција.




