Ваљадолид во 6. коло од Асобал лигата во Шпанија беше поразен од Торелавега со 29:28. Македонските ракометари Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски беа меѓу подобрите поединци во составот на Ваљадолид.
Димитриоски и Димитриевски постигнаа по 3 голови за својот тим, но за жал не успеаја да освојат бодови.




