
Нешвил Предаторс ја отворија новата сезона на НХЛ со две победи над Сан Хозе Шаркс, остварени во рамките на глобалната серија во Прага (Чешка).
Во вториот натпревар, претставниците на Тенеси ги совладаа ривалите од Калифорнија со 3-2.
,,Ајкулите” играа поофанзивен хокеј и поведоа двапати преку Лук Кунин во првата и преку Логан Кутур во втората третина.
Од друга страна, Нешвил заби три гола во интервал од осум минути во вториот дел, од кои два беа дело на Нино Нидерајтер, а еден на Филип Форсберг.




