
По серијата од пет победи, КалПа го запиша и првиот пораз, откако денес загуби од КооКоо со минимални 1-0.
За КооКоо, ова беше трет триумф на последните четири средби, кој му помогна да го претекне на табелата денешниот ривал.
Имено, КооКоо изби на четвртото место со ист број на поени како и второпласираниот Луко, а КалПа е шеста со бод помалку.
На натпреварот, единствениот стрелец беше Матиц Торок уште во петтата минута од првата третина.
Голманот на победничкиот состав, Оскари Сетанен, имаше 38/38 одбранети шутеви за првиот овосезонски шут-аут.




