
Во рамките на денешната КХЛ програма, Витјаз Подолск го совлада Динамо Минск во Белорусија со 3-5.
Во првата половина од натпреварот, резултатот гласеше 0-0, но во втората половина, во просек паѓаше по еден гол на секои 3:41 минути.
Во интервал од неполна минута, гостите стекнаа водство од 0-2 и останаа во ,,плус” сè до самиот крај.
За победничкиот состав, Иван Зинченко постигна два погодоци, а по еднаш стрелаа Александер Јаремчук, Кирил Расказов и Степан Старков.
На спротивната страна реализираа Владимир Алистров во вториот, односно Ник Меркли и Седрик Пакет во третиот период.
Во Западната конференција, Витјаз изби на третото, а Динамо остана на седмото место.




