
На два од вкупните четири овосезонски порази, екипата на Автомобилист не успеа да постигне ниеден погодок против своите ривали.
Таков беше и денешниот случај против Салават Јулаев Уфа, во кој ,,Зелените” триумфираа со 0-4.
После две третини, гостите водеа само со 0-1, откако мрежата на Јохан Матсон ја затресе Михаил Науменков.
Сепак, во третиот период, победниците постигнаа уште три голови при што, два од нив беа дело на Станислав Бочаров и еден на Алексеј Пустозјоров.
На Истокот и покрај поразот, Автомобилист остана на првото место, а Салават скокна на четвртата позиција.




