
Во текот на репрезентативната пауза, Дерби Каунти направи промена на тренерската позиција, односно наместо Лиам Росениор го доведе Пол Варн.
Варн дебитираше на клупата на ,,Овните” во дванаесеттото коло од Лиг 1, кога Дерби го совлада Кембриџ Јунајтед со 0-2.
За клубот од Источен Мидлендс, ова беше прва гостинска победа во сезоната и воедно прв меч на кој беше носена третата гарнитура на дресови.
На мечот, стрелец на двата погодоци беше едно од најголемите засилувања, Џејмс Колинс (45′, 83′) по асистенции на Натаниел Мендез-Леинг и на Макс Бирд.
На табелата, Дерби скокна на осмото место, спуштајќи го Кембриџ Јунајтед на десеттата позиција.




