
По четирите последователни порази, Канзас Сити Ројалс го запишаа првиот триумф, совладувајќи ги Кливленд Гардијанс со 1-7.
За Гардијанс, ова беше прв пораз после трите врзани победи, кои воедно им загарантираа и пласман во плејофот.
На мечот, домаќините поентираа само во шестиот ининг преку трчањето на Оскар Гонзалез.
Од друга страна, поените на гостите ги постигнаа Ем Џеј Мелендез (х2), Хантер Дозир, Дру Вотерс (х2), Кајл Исбел и Салвадор Перез, а стартниот фрлач, Крис Бубик, освои осум страјк-аути.
Во Американската лига, Кливленд (89-69) го држи четвртото, а Канзас Сити (64-94) – четиринаесеттото место.




