
Во првото коло од турската одбојкарска Ефелер лига, Фенербахче се намачи, но успеа да ја оправда фаворитската улога.
Претставниците на Истанбул, на домашен терен, после голема неизвесност, го поразија составот на Чизре Беледијеспор со вкупни 3-2.
Гостинскиот состав беше подобар во првиот и во четвртиот сет (25-21, 25-20), а Фенербахче ги доби другите три партии со два убедливи резултати (25-17, 25-14) и со неизвесен финиш (15-13).
Од редовите на Чизре, најефикасни поединци беа Светослав Иванов со 13 и Јулиен Винкелмилер со 24 поени.
Од избраниците на Даниел Кастелани, двоцифрен поентерски учинок имаа Каан Гурбуз (22 поени), Алесандре Фереира (16), Ахмет Тумер (12) и Емре Саваш (10).




