
Откако стана слободен играч по крајот на минатата сезона, грчкиот голман, Александрос Пасхалакис, премина во редовите на Олимпијакос.
Пасхалакис, родум од Атина, беше член на младинските школи на АЕК и на Олимпијакос, но досега, ниеднаш не заигра за сениорските состави на овие клубови.
Во 2006, голманот потпиша договор со Илиополи, а до 2017 настапи уште за четири други екипи: Левадијакос, ПААЕК, Пантракикос и Јанина.
Од 2017 до 2022, Гркот ги бранеше боите на солунски ПАОК и избори три настапи за грчката сениорска репрезентација.
Како член на ,,Црно-белите”, Пасхалакис освои една лигашка титула, три круни во Грчкиот куп, влезе во тимот на сезоната на грчката Супер лига за 2018/19 и во истата година беше избран за најдобар голман во грчкото првенство.




