
Во петочниот термин од втората натпреварувачка недела на ИЦЕ Лигата, Клагенфурт славеше над Виена Капиталс со 0-4.
За Виена, ова беше трет овосезонски пораз, додека за гостите, триумфот послужи како отскочна даска по воведните два загубени натпревари.
После три минути, ,,Црвените” веќе водеа со 0-2, а до крајот додадоа уште по еден гол во втората и во третата третина.
Во листата на стрелците се запишаа четири различни хокеари, односно Лукас Лесио, Самуел Витинг, Томас Валант и Николас Краус.
Голманот на победничкиот состав, Себастијан Дам, имаше 25/25 одбранети шутеви за првиот овосезонски шут-аут.
На табелата, Клагенфурт скокна на петтото место, а Виена остана на дното како единствен тим без бодови.




