
Во првиот меч од групата А на Турскиот куп во одбојка, Фенербахче го совлада новиот прволигаш Хатај Бујукшехир Беледијеспор со 3-0.
По сетови, резултатот гласеше 25-23, 25-23 и 25-21 во доста изедначена игра.
Во втората и во третата партија, Фенербахче влезе во финишот со голема предност, но сепак номиналните гости се изборија за неизвесна завршница.
Кај клубот од Хатај, најефикасни поединци беа Радзивон Мискевич со 19 и Бартош Бучко со 10 поентирања.
Од избраниците на Даниел Кастелани, двоцифрен број на поени постигнаа Александре Фереира (10) и Каан Гурбуз (15).
Во првата група, освен овие две екипи, се наоѓаат уште Бурса и Алтекма, кои ќе се соочат во подоцнежниот денешен термин.




