
Кина ги загуби шансите за пласман во втората рунда од Светското првенство во одбојка, откако ги загуби и двата премиерни натпревари.
Денес, Кинезите беа надиграни од Канада со максимални 3-0 и останаа на дното на групата Е зад денешните ривали, зад Турција и зад Италија.
По сетови, резултатот гласеше 25-23, 25-21 и 25-23.
Кај Канада, најефикасен беше Рајан Склејтер со шеснаесет поени, а уште по девет додадоа Стивен Маар, Лукас Ван Беркел и Рајли Барнс.
Од поразениот состав, двоцифрени беа Џингјин Жанг и Гуанхуа Жанг со дванаесет и со десет поентирања.




