
После одличниот стар на сезоната на Серија Б од две врзани победи, Козенца го запиша и првиот пораз.
Во третото коло, претставниците на Калабрија беа надиграни од Парма, на гостински терен, со минимални 1-0.
Парма беше подобар тим во текот на натпреварот и ја круниса доминацијата со голот на Роберто Инглезе (29′) за прв овосезонски триумф.
На табелата, победничкиот состав скокна на седмото место, додека Козенца падна на петтата позиција.




