
Најсилната женска репрезентација на Македонија се подготвува да ги одигра последните два натпревари од квалификацискиот циклус за СП.
Моментално, нашите репрезентативки се на подготовки во Нов Дојран, од каде што ќе се упатат кон Скопје за дуелот против последнопласираната селекција во групата – Летонија.
Овој натпревар ќе се одигра на стадионот на ФФМ на 1 септември, а целиот циклус ќе биде затворен на 6 септември со дуелот против Австрија на гостински терен.





