
Со синоќешната победа од 3-1, Њујорк Метс дојдоа до шестиот триумф на последните седум меѓусебни пресметки против Колорадо Рокис.
Во третиот ининг, тимот од ,,Големото јаболко” поведе до 3-0, откако Томас Нидо и Старлинг Марте освоија по четири бази, а хоум-ран запиша Пит Алонсо.
Од фрлачите на домашната екипа, одличен беше стартерот Џејкоб деГром, кој за шест периоди имаше девет страјк-аути.
Рокис забележија почесен поен во шестата деветтина, кога тринаесеттиот хоум-ран во сезоната го даде Рајан МекМен.
Во Националната лига, Метс (80-46) скокнаа на второто место, а Колорадо (54-72) ја зазема дванаесеттата позиција.




