
Кипранецот со српско потекло, Алекс Гогиќ, ќе ги засили редовите на шкотскиот прволигаш Ст. Мирен.
Гогиќ настапуваше за клубот од Пејзли во изминатата полусезона како позајмен играч, а сега потпиша договор на две години.
,,Навистина уживав додека бев овде, па затоа, одлуката да се вратам ми беше многу лесна.” – рече Гогиќ.
Во досегашната сениорска кариера, дефанзивецот ги бранеше боите на Хамилтон и на Хиберниан, а за репрезентацијата на Кипар одигра дванаесет средби.
Имено, Алекс е син на поранешниот српски фудбалер, Синиша Гогиќ, кој својата играчка кариера долги години ја градеше во Кипар.




