Кирил Лазаров застанува на кормилото на РК Алкалоид. Денеска претседателот на клубот Горан Минов на прес-конференција и официјално ја промовираше легендата на македонскиот и на светскиот ракомет како нов тренер на нашиот клуб.
Истовремено на средбата со новинарите беа презентирани и осумте нови играчи, кои оваа сезона ќе бидат дел од тимот. Тоа се: Никола Маркоски, Благојче Трајкоски, Јане Цветковски, Давид Димевски, Александар Петковски, Марко Митев, Михајло Младеновиќ и Едвин Омерагиќ.
Добре дојдовте во РК Алкалоид! – стои на фан страната на клубот.



