
Македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски, со гол го круниса своето лигашко деби во дресот на Фенербахче.
Во третото коло од турската Супер лига, Фенербахче славеше со 4-2 над Адана Демирспор, а Алиоски (83′) беше стрелец на четвртиот погодок, само три минути откако влезе во игра.
Од неговите соиграчи, двапати реализираше Енер Валенсија (п. 20′, 41′), а еднаш – Миха Зајц.
На спротивната страна, црвен картон доби Јарослав Ракицки (82′), а по еден гол дадоа Јунес Бељанда (п. 56′) и Артјом Ѕјуба (66′).
На табелата, Фенербахче го зазеде првото, а Адана падна на шестото место.




