
Во рамките на четвртото коло од шкотската Лиг 2 се соочија двете најоддалечени професионални екипи од оваа земја – Елгин и Странрер.
Имено, Елгин е најсеверниот професионален клуб во Велика Британија, а Странрер се наоѓа во областа Дамфрис и Галовеј во близина на англиската граница.
Двата града се оддалечени цели 444 километри во еден правец, односно, гостинскиот тим треба да помине речиси 900 километри за да го одигра предвидениот натпревар.
На мечот, ривалите ремизираа со 2-2 што преставува втор идентичен резултат во низа и за двете екипи со оглед на фактот дека во третото коло Странрер изигра нерешено со Бонириг Роуз, а Елгин со Форфар.
После дваесет минути игра, новото засилување на Странрер, Дилан Форест (21′), погоди за водство на својот тим.
Сепак, само осум минути подоцна, домаќините направија пресврт преку Метју Купер (25′) и преку Дерил МекХарди (29′).
Единствениот гол во второто полувреме го постигна искусниот Крег Малколм (58′), кој воедно го постави и конечниот резултат.
На табелата, Странрер со пет поени го држи петтото место, а Елгин е осми со три бода.




