
Пелистер победнички ја започна сезоната во ВМФЛ, откако во првото коло го порази Кожуф со 2-4.
После еден час игра, битолчани имаа убедливо водство од 0-3, иако домаќините беа рамноправен ривал, но без конкретна реализација.
За Пелистер, по еден гол постигнаа Бурхан Мустафов (45′), Јованчо Трајковски (56′) и Љавдрим Фазлиу (61′).
Во самата завршница, Кожуф намали на 2-3 преку Андреј Кудијан (83′) и Христијан Бејков (85′), но точка на натпреварот стави Никола Наумоски (90+2′).
Освен ,,Зелено-белите”, победа во првото коло од ВМФЛ имаа уште: Вардар, Детонит, Беса, Воска, Гостивар и Охрид.




