
Синоќа, Минесота Твинс ги совладаа Тексас Ренџерс со 2-1 и ја продолжија својата позитивна низа на четири победи.
Во првиот ининг, Твинс поведоа со 2-0, кога Луис Араез и Хозе Миранда постигнаа по еден хоум-ран.
До крајот, гостите запишаа само еден почесен поен, откако, во шестиот период, Баба Томпсон освои четири бази по ударот на Натаниел Лоу.
Во Американската лига, Минесота (62-55) го зазема седмото, а Тексас (53-66) – единаесеттото место.




