
Во првиот меч од неделната програма на третото коло од шкотскиот Премиершип, Селтик го декласира Килмарнок со 0-5.
Гостите од Глазгов лесно стигнаа до триумфот, притоа имајќи ја контролата во текот на цел натпревар.
Фудбалерите во зелено-белиот дрес постигнаа два гола со ,,ножички”, една ,,ракета” од триесет метри и два погодоци после добри акции.
Стрелци на овој натпревар беа пет различни фудбалери, односно Кјого Фурухаши (7′), Жота (35′), Моритц Јенц (45+1′), Карл Старфелт (76′) и Јоргос Јакумакис (82′).
На табелата, Селтик го дели врвот со најголемите ривали, Ренџерс, а Килмарнок го држи претпоследното место.




