
Ст. Килда Сеинтс го загубија најважниот меч во сезоната со резултат од (9.12) 66-81 (12.9) од Бризбејн Лионс.
Со овој пораз, ,,Сеинтс”, на едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната, останаа на деветтото место и речиси сигурно се исфрлија сами од битката за плејоф.
Бризбејн, кој е второпласиран на табелата, го започна мечот на подобар начин и на полувремето водеше со 26-48.
Во третата четвртина, Сеинтс направија серија од 35-8 и ја вратија позитивата на своја страна, но доживеаја целосен колапс во последниот квартал, кој воедно им ја пресуди навидум одличната сезона.
Од поразениот состав, во нападот се истакнаа Мејсон Вуд (4.0), Тим Мембри (3.2) и Џек Хигинс (2.0).
На спротивната страна, двоцифрен број на поени постигнаа Ерик Хипвуд (2.0), Џоу Данихер (2.1) и Кем Рајнер (4.0).




