
Во полуфиналната фаза од квалификациите за Лига Европа, македонскиот шампион, Шкупи, беше елиминиран од ирскиот првак – Шамрок Роверс.
Во Даблин, Шкупи беше поразен со 3-1, а во синоќешниот реванш во Скопје, повторно загуби со 1-2.
Избраниците на Гоце Седлоски одиграа подобар натпревар од своите ривали, но испуштија неколку солидни прилики.
Единствен што успеа да ја затресе мрежата на Алан Манус беше Сандеј Адетунџи (90+4′) во завршните мигови.
Од друга страна, гостите ги искористија своите прилики и постигнаа два гола преку Рори Гафни (65′) и преку Аидомо Емаху (85′).
Екипата на Шамрок во најмала рака обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на конференции, додека Шкупи, до истата цел, ќе мора да помине уште една препрека, односно Балкани или Клаксвик.




