Руди Сери е еден од новите ракометари ма Еурофарм Пелистер во новата сезона. Тој за клубската страна изјави дека се прилагодува на новата средина.
Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола.
За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите.
Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил.