
Во дербито на Калифорнија, ЛА Анџелс ја оправдаа фаворитската улога и славеа над Оукленд Атлетикс со минимален резултат од 1-0.
Единствениот поен, гостите го постигнаа во првиот ининг, кога Луис Ренгифо постигна хоум-ран.
Исто така, голем удел во триумфот имаше и стартниот фрлач, Хозе Суарез, кој освои осум страјк-аути и дозволи само два удари.
Во Американската лига, ,,Ангелите” (47-63) се дванаесетти, а Оукленд (41-69) се на самото дно.




