Новиот тренер на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер вчера пристигна во Македонија, одржа работни состаноци со клупските структури, директорот Димитар Митревски, своите помошници, стручниот и медицинскиот тим и го зазеде своето место во клупските простории.
Валтер и стручниот тим ги дефинираа етапите од подготвителниот период, кој започнува на 20 јули во Битола. Претходно сите ракометари ќе минат медицински тестови. Централната фаза пелистерци ќе ја минат во Маврово од 25 јули. Беше разговарано и за комплетирање на играчкиот кадар за сезоната 2022/23 и во тој правец клубот ќе доведе уште неколку засилувања.Официјалната промоција на тимот е закажана за 19 јули, кога ќе бидат промовирани и новите лица и новите дресови. Презентацијата на Ларс Валтер како нов тренер на Еурофарм Пелистер е предвидена по првите тренинзи во Битола.
„Разговарав со кондициониот тренер, со помошникот тренер и направивме план за во иднина. Изгледа дека исто размислуваме и ќе имаме добра соработка.
Знам дека во Пелистер ги имате најдобрите навивачи во Европа и познати сте по тоа насекаде. Атмосферата во салата е тема на разговор насекаде. Историски вие сте најголемиот клуб во македонскиот ракомет. Дури и кога јас бев млад ракометар знаев за Пелистер и за луѓето тука. Едвај чекам да ја почувствувам атмосферата во салата“




