
По двете сензационални победи над Ричмонд Тигерс и над Мелбурн Демонс, Сиднеј Свонс загубија натпревар во кој важеа за фаворити.
Имено, во четиринаесеттото коло од тековната АФЛ сезона, ,,Лебедите” беа поразени од Порт Аделаид Пауер со (12.10) 82-59 (8.11).
Резултатската неизвесност беше присутна во цело прво полувреме, но со серијата од 38-0 во третата четвртина, домаќините ја презедоа контролата во свои раце.
Од поразениот состав, најефикасни на теренот беа Ленс ‘Бади’ Френклин (1.3) и Ајзак Хини (4.0).
На спротивната страна, двоцифрен број на поени постигнаа Чарли Диксон (2.2) и Тод Маршал (4.2).
На табелата, Сиднеј падна на седмата позиција, додека Порт Аделаид скокна на остана на дванаесеттото место.



