
Голден Стејт Вориорс ја израмнија финалната серија против Бостон Селтикс на 1-1, откако синоќа триумфираа со 107-88.
По изедначеното прво полувреме, домаќините ја завршија работата во третата четвртина, која ја добија со 35-14.
На паркетот, од редовите на Голден Стејт, најефикасни кошаркари беа Џордан Пул со 17 и Стеф Кари со 29 поени.
Од друга страна, кај Бостон, Џејлен Браун уфрли 17, а Џејсон Тејтум – 28 кошеви.
Третиот натпревар ќе биде одигран за два дена, а целата серија ќе се пресели во Бостон.




