
Аризона Дајамондбекс стигнаа до четвртата победа на последните пет средби, откако, по вторпат во низа, славеа над Ст. Луис Кардиналс.
Имено, Дајамондбекс ја освоија меѓусебната серија со Кардиналс, добивајќи го третиот дуел со 0-2.
Двата поени на гостите беа постигнати во осмиот ининг кога хоум-ран постигнаа Кетел Марте и Ник Ахмед.
Фрлачите на победничкиот состав дозволија само два противнички удари, а притоа, четири страјк-аути освои стартерот Мерил Кели.
Во Националната лига, Аризона (10-12) скокна на единаесеттата позиција, додека Ст. Луис (11-9) го држи осмото место.




