
ЛА Анџелс дојдоа до шестата последователна победа, откако синоќа ги совладаа Чикаго Вајт Сокс со 1-5.
,,Ангелите” го најавија четвртиот меѓусебен триумф во низа уште во првиот ининг, кога водеа со 2-1.
До крајот, гостите не примија ниеден поен, а поентираа уште во три наврати – по еднаш во шестиот, во осмиот и во деветтиот период.
За домаќините, единствен поентер беше Тим Андерсон, кој одлично истрча по ударот на Јасмани Грандал.
На спротивната страна, хоум-ран постигнаа Тејлор Ворд и Шоеи Охтани, а Јапонецот, уште двапати освои по четири бази заедно со Ендру Велазкез.
Во Американската лига, Анџелс (14-7) се искачија на второто место, додека Вајт Сокс (7-12) ја држат дванаесеттата позиција.




