
Мајами Хит се ,,прошетаа” до четвртфиналето на НБА, откако во првата фаза ги елиминираа Атланта Хокс со вкупни 4-1.
На петтиот меѓусебен натпревар, одигран во Мајами, домаќините славеа со конечен резултат од 97-94.
Натпреварот беше неизвесен, но во поголемиот дел, Мајами ја имаше предноста на своја страна и заслужено дојде до победата.
Од победничкиот состав, најефикасен со 23 поени беше Виктор Оладипо, а Бам Адебајо запиша дабл-дабл од 20 поени и од 11 скокови.
На спротивната страна, Де’Андре Хантер (35 кошеви и 11 скокови) имаше две двоцифрени статистики, а втор стрелец беше Данило Галинари со 12 поентирања.
Во наредната рунда, Мајами ќе ги одмери силите со победникот од дуелот помеѓу Филаделфија 76ерс и Торонто Рапторс.




