
Во рамките на петтото коло од шведската Алсвенскан лига беше одиграно 174. дерби на Стокхолм во историјата.
Имено, во популарното ,,Твилингдербит”, АИК Стокхолм го порази Џургорден со минимални 1-0.
Стрелец на победоносниот гол за номиналните домаќини беше Николас Марсело Стефанели (45′), кој се запиша во листата на стрелците за првпат сезонава.
Во вториот дел, Џургорден пружи подобра партија, но на голот на победничкиот состав стоеше одличниот Кристофер Нордфелдт.
На табелата, АИК скокна на четвртата позиција, додека Џургорден падна на седмото место.




