Македонските ракометари иако беа на дофат на изненадување во Злин, против Чешка, сепак во Скопје донесоа нерешен резултат, 24-24 кој и понатаму ја става нашата репрезентација во предност, во плеј-офот за пласман на Светското првенство во 2023 година. Кире Лазаров денес ќе ја предводи Македонија во салата „Борис Трајковски“, да оствари вредна победа која ќе не однесе на Светско првенство.
„Одигравме квалитетен натпревар против сериозен противник во гости. Сè уште стојам на ставот дека Чешка е репрезентација која заслужува стравопочит. Какво било опуштање и дефокус може да нè доведе до проблеми во недела со ваква репрезентација. Психолошката подготовка за натпреварот ќе биде од исклучителна важност. Колективноста треба да нè краси и во недела доколку сакаме позитивен резултат. Очекувам потежок натпревар сега, отколку во Злин. Оптимист сум, но и многу внимателен со оглед на квалитетот на Чесите“, истакна селекторот Лазаров.




