Светската шампионка во бодибилдинг и фитнес Мери Акиевска донесе нова титула за Македонија. Таа се закити со злато во нејзината категорија welness fitness на меѓународното натпреварување „ИФББ ХЕРКУЛЕС ГРАН ПРИ“ во бодибилдинг и фитнес што се одржа во Скопје. Таа пред две недели освои два златни медали и на Балканското првенство во Књажевац (Србија).
Следен предизвик за нашата светска шампионка е настапот на Eвропското првенство во Шпанија.