Машката ракометна репрезентација на Македонија денес го игра реванш-натпреварот против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство.
За искусниот среден бек, Филип Миркуловски, денешниот натпревар ќе биде последниот натпревар во дресот на репрезентацијата на Македонија.
“Денес е мојот последен натпревар во дресот на репрезентацијата на Македонија. Ќе биде многу емотивно, но ние сме професионалци. Се надевам дека ќе имаме среќен крај и дека ќе се пласираме на Светското првенство“, изјави Филип Миркуловски.




