
По четврт пат во низа, ЦСКА Москва избори финале на КХЛ, откако ја освои Источната конференција.
Имено, во полуфиналето, ЦСКА, после ,,мајсторка”, го елиминира тимот на СКА Ст. Петербург со вкупни 4-3.
Во седмиот дуел, претставниците на главниот град на Русија триумфираа со резултат од 0-3.
Во тензичен натпревар со бројни дисциплински казни, гостите постигнаа два гола во втората и еден гол во третата третина.
Двоен стрелец за победничката екипа беше Сергеј Плотников, а еднаш на празна мрежа погоди Константин Окулов.
Одличен помеѓу стативите на ,,Армејците” беше Иван Федотов, кој дојде до првиот плејоф шут-аут со 26/26 одбранети шутеви.
Во битката за Гагарин Куп, ЦСКА ќе ги одмери силите со Металург Магнитогорск, кој го порази Трактор Чељабинск со вкупни 4-1.




