
СКА Ст. Петербург поведе со вкупни 3-2 во полуфиналето против ЦСКА Москва, откако го доби петтиот дуел токму со 3-2.
На мечот, ЦСКА поведуваше во два наврати, а домашниот состав израмни двапати и го претвори во победа единственото свое водство.
За ЦСКА, двапати на дуелот, односно по еднаш во првата и во втората третина, прецизно стрелаше Андреј Светлаков.
На спротивната страна, Александер Волков и Данила Мојсејев изедначуваа, а триумф донесе Оскар Фантенберг со првиот погодок во изминатите две сезони на седумдесет секунди пред крајот.




