
Тампа Беј Рејс ја започнаа новата МЛБ сезона со два последователни триумфи над Балтимор Ориолс.
Синоќа, претставниците на Флорида, на домашен терен, ги поразија гостите од Мериленд со резултат од 5-3.
,,Ражите” поведоа со 3-0 во вториот ининг, а веќе после третиот сегмент, нивното водство гласеше 5-2.
До крајот, Ориолс успеаја само да додадат уште еден поен во последната деветтина.
Од победничките редови, хоум-ран постигна Франциско Мехија, а освен него, по четири бази освоија уште Џош Лоу (х2) и Кевин Кирмајер.
На спротивната страна, топката на трибините ја однесе Рајан Маунткесл, а во листата на поентерите влегоа Хорхе Матео и Рамон Уријас.




