Екипата на Вардар 1961 вечерва го игра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, против Веспрем од Унгарија со почеток од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Веспрем е силна екипа, знам како играат, имаат голем квалитет, индивидуално и колективно. Го имаат одличниот голман Коралес. Ја имаат фаворитската улога, но ние секогаш се бориме, особено на домашен терен. Доколку сакаме да успееме мораме да бидеме одлични и на двата натпревари. Со помалку загубени топки, максимално фокусирани, со цврста одбрана во текот на сите 60 минути. – изјави тренерот Давид Дејвис.




