Екипата на Вардар 1961 вечерва го игра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, против Веспрем од Унгарија со почеток од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Веспрем е квалитетна екипа со добри играчи. Ги повикувам навивачите да ни ја дадат потребната поддршка. Доколку одиме според планот, ќе бидеме поблиску до остварување на позитивен резултат. Никаква предност од првиот натпревар не може да гарантира мирен реванш, понекогаш и разлика од пет голови не е доволна, а понекогаш и триумф од еден разлика може да биде значаен – изјави десното крило Гоце Георгиевски.