
Екипите на Авангард Омск и на Металург Магнитогорск ја играат втората најефикасна серија во историјата на плејофот на КХЛ.
Имено, во четвртфиналната фаза, после шест натпревари, вкупниот резултат е 3-3, а паѓаат по 7,83 голови во просек.
Во шестиот меѓусебен овосезонски плејоф дуел, Авангард успеа да избори ,,мајсторка”, триумфирајќи со 5-1.
Актуелните шампиони имаа убедливо водство од 4-0 после втората третина, а во третиот период беше постигнат уште по еден погодок и на двете страни.
Единствен стрелец за Металург беше Анатоли Никонцев, додека за Авангард, голгетери беа Никита Сошников, Алексеј Емелин, Арсени Грицјук (х2) и Николај Прохоркин.




