
Атланта Хокс ја прекинаа серијата од четири победи на Мемфис Гризлис, совладувајќи ги со 120-105.
Во текот на мечот, ,,Јастребите” беа во постојана позитива, пред сè поради втората четвртина, добиена со 33-21.
Од победничкиот состав, Клинт Капела и Делон Рајт постигнаа по 18 кошеви, а најефикасен беше Богдан Богдановиќ со 30 поени.
На спротивната страна, најрасположени во нападот беа Џа Морант со 29, односно Десмонд Бејн и Џерен Џексон со по 15 поени.
И покрај поразот, Мемфис (48-23) остана второпласиран на Западот, додека Атланта (35-35) е деветти тим во Источната конференција.




