
На вториот меѓусебен натпревар во историјата, Тампа Беј Лајтнинг ги совладаа Сиетл Кракен со резултат од 1-4.
Новајлиите во НХЛ стекнаа почетно водство во третата минута, кога Јани Гурд ја искористи играчката предност и погоди за 1-0.
Сепак, неполни четири минути подоцна, актуелните шампиони израмнија преку Никита Кучеров, а во вториот период, пресвртот го комплетираше Виктор Хедман.
Истиот играч го постави и конечниот резултат во третата третина, а помеѓу неговите голови, во листата на стрелците се запиша уште Ентони Сирели.
Со втората победа во низа, Лајтнинг го задржаа третото место на Истокот, додека Сиетл е последнопласирана екипа во Западната конференција.




