
Репрезентацијата на Словенија е новиот светски првак во ски летови, откако славеше на Светското првенство во Викерсунд, Норвешка.
Словенија, во состав на Домен Превц, Петер Превц, Тими Зајц и Анже Ланишек беше убедливо најдобра селекција и после двете серии.
Со сребро од СП се закити Германија, односно Зеверин Фројнд, Андреас Велингер, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.
Третото место го освои бранителот на титулата од Планица 2020, Норвешка, за која настапија Јохан Андре Форфанг, Даниел Андре Танде, Халвор Егнер Гранеруд и индивидуалниот шампион – Мариус Линдвик.
Во продолжение следуваа составите на: Австрија, Полска, Јапонија и Финска.




