Кошаркарите на Црвена Звезда приредија големо изненадување во заостанатиот натпревар од 20. коло од Евролигата и го совладаа Реал Мадрид со 65:62 вечерва во Белград во салата „Александар Николиќ“ .
Најефикасни во редовите на домаќинот беа Никола Ивановиќ и Дејан Давидовац со по 13 постигнати поени, додека кај Реал најефикасен беше Серхио Љуљ со 20 поени.




