Еурофарм Пелистер со моќна игра во второто полувреме го совлада АЕК Атина со 30-19 и како второпласирани во групата патуваат во следната фаза во Лигата на Европа на ЕХФ.
Блескавиот Мартон Секељи со 15 одбрани и Стипе Мандалиниќ и РениерТабоада со по 7 постигнати голови беа најдобри поединци во тимот од Битола.