
Во третото коло од јапонската Ј1 Лига, Токио ФК го совлада тимот на Серезо Осака со минимални 0-1.
Човек на одлуката беше Казуна Коно (23′), кој го искористи киксот на противничката одбрана и успешно реализираше по асистенција на Адаилтон.
Во вториот дел, Токио остана со десетмина на теренот поради вториот жолт картон на Такуја Аоки (61′).
До крајот, Серезо во потполност ја презеде контролата, но голманот Јакуб Словик и пожртвуваноста во одбраната беа доволни за првата овосезонска победа на Токио.
Гостинскиот состав, со првите бодови, ја напушти ,,опасната” зона, додека Серезо остана на претпоследната позиција, иако загуби за првпат во новата сезона.



